Македонската фудбалска репрезентација еднаш некако успеала да се пласира на Светско првенство. Задоволни фудбалерите, пошле кај некоја гатачка за да им го претскаже исходот од Светското првенство. Гатачката им предвидела 4 први места. Фудбалерите зачудени прашале:
– Како е можно тоа, 4 први места?
Гатачката:
– Први ќе отидете, први ќе играте, први ќе изгубите, први ќе се вратите.
/vicoteka.mk