Виц: Компјутер што знае сè

На една изложба на компјутери рекламен агент промовирал  компјутер кој што знаел сè. 
– Е, штом знае сè – рекол еден од гледачите, – тогаш нека каже каде е татко ми.

По некое време компјутерот одговорил:

– Таткото на господинот е по риба во Канада.

– Не е точно – викнал гледачот. – Татко ми е одамна мртов.

– Но вие не го поставивте прашањето правилно! – се налутил  агентот, застанал пред компјутерот и поставил нов прашање:

– Каде се наоѓа сопругот на мајката на господинот?

– Сопругот на мајката на господинот – одговорил компјутерот, – умрел пред неколку години, а таткото на господинот е по риба во Канада.

- Реклама -