Жена влегува во аптека и бара да купи отров.
Аптекарот:
– За што ви треба отровот?
Жената:
– За да го отрујам мажот ми, ме изневерува.
Аптекарот:
– Извинете не можам така да ви продадам отров, тоа е
нелегално без разлика што направил вашиот маж.
Како одговор на тоа жената покажува фотографија од
нејзиниот маж и љубовницата, на која аптекарот ја
препознава својата жена.
Аптекарот, давајќи го отровот вели:
– Извинете, не знаев дека имате рецепт.