Влегува човек во аптека:
– Добар ден, дајте ми еден бурек.
– Но, господине ова е аптека…не продаваме бурек.
– Добро ако нема може ли тогаш симит?
– Човеку, ова е АПТЕКА!
– Не разбирам, а лиснато со сирење држите?
Аптекарката луто го земала телефонот во раката и се јавила во полиција:
– Ќе ве молам, се јавувам од аптека и овде имам муштерија кој мисли дека ние продаваме бурек…што да правам?
Дежурниот полицаец и враќа:
– Ма удри го со тепсијата, немај гајле.