Сега ниту мрзливите девојки немаат изговори. Нозете се еден од најважните атрибути за женственост, а витките и затегнати нозе и не е така тешко да ги имате. Всушност, потребни ви се само десетина минути три пати неделно, и со помош на правилни вежби и вие може да имате нозе од соништата, без ниту грам целулит. Со оглед на тоа што се приближува летото, ве советуваме да започнете навремено со ваквата рутина. Скокнете во вашата најудобна облека, и стиснете „play“ на видеото подолу.