Дизајниран на група португалски архитекти, овој дом наречен „House in Travessa Do Patrocinio“ има впечатлива фасада покриена со живи растенија.
Куќата се наоѓа во Лисабон, и располага со вертикална градина која има повеќе од 4.500 растенија и опфаќа 100 квадратни метри. Архитектите велат: „Различните мирии се шират низ четирите спрата. На пример, во базенот има мирисба на шафран, во спалната соба- лаванда, во дневната соба, рузмарин.“