Вистинската зимска магија не може да се замисли без вкусот на топла чоколада, а ова е еден стар и испробан рецепт кој што може да заврши добра работа.
Состојки
30 г. црна чоколада
1 лажица какао
2 дл. млеко
30 г. шеќер
Подгответе ја така што во мало тенџерче ќе ги помешате какаото, чоколадата и 1 дл. млеко. Мешајте на тивок оган додека чоколадото не се стопи.
Додадете го остатокот од млекото и продолжете со мешањето.
Додадете шеќер, а кога чоколадата ќе стане густа, сипете ја во шолја. По желба, топлата чоколада можете да ја украсите со шлаг.