Островот Аогашима се наоѓа во Јапонија, поточно во Филипинското море. Долг е 3.5, а широк 2.5 километри. Малиот остров со 200 жители е под управа на Токио.
Аогашима е вулкански остров. Уникатен е по тоа што во средината на островот има помала калдера (вулканска форма – последица од колапс на земјиштето по вулканска ерупција). Пејзажот е спореден со сет од филмот Jurassic Park (Паркот Јура).
Островот е дел од Националниот парк Fuji-Hakone-Izu, а на него може да стигнете единствено со брод или хеликоптер. Иако е населен и посетуван од туристи, тие се свесни за опасноста со оглед на тоа што вулканот е се уште активен. Сепак, местото нуди спокојство и уникатен пејзаж.