Вистински приказни: Зошто жените изневеруваат?

Прво прашање кое се наметнува после неверството е  – зошто. За мажите најчеста причина е можноста за секс, за за жените незадоволството. 

Неважно од која причина неверството најчесто е погубно за односот. Дури и ако другата страна одлучи да помине преку тоа, прашањето на срушена доверба, често ќе го нагризува односот, а ретки се оние кои после неверство сметаат дека и понатаму се дел од еден среќен брак.

Во продолжение откриваме неколку вистински причини, раскажани од страна на неколку жени.

1. „Барав утеха“

Од денот кога се омажив со него, знаев дека тоа е грешка. Беше пасив-агресив, сакаше да ме контролира и очекуваше дека ќе дадам отказ за да останам дома и да се грижам за децата и куќата. Недолго после првата година од бракот, започнав да го изневерувам со маж од работа. Не се залажував дека се работи за љубов, но тоа беше ситуација што ми ги отвори очите – бев со некој со кој се чувствував добро, ми даваше самодоверба, ме смееше и ме почитуваше поради тоа што сум, без да сака да ме претвори во некоја друга.

Таа афера ми помогна да се пронајдам, да ги откријам сопствените желби, ми даде сигурност дека можам да живеам без него. Да не се случеше, немаше да имам храброст да побарам развод. Сега, 25 години после случувањата сум мажена со прекрасен сопруг.

2. „Си префрлавме еден со друг“

Се омажив на 22 години, а по венчавката се се промени, вели жена на 28 години. На почетокот не можевме да дочекаме да создадеме семејство, но одеднаш веќе не се чувствував така. Се посветив на работата која ја сакам и децата веќе не беа дел од таа слика. Тој беше повреден и почна да ми замерува. Тука започнаа расправиите.

Иако инсистирав на кондоми, една вечер го фатив како се обидува да го скине кондомот. Сакаше да останам бремена. Тоа отприлика беше крај на нашиот сексуален живот. Недостатокот на интимност, премина во неверство, запознав маж на интернет и се гледавме една година. Заврши на начин што маж ми ме фати, а во тој момент се договоривме да му дадеме на бракот уште една шанса, бидејќи уште се сакавме. Одевме и на брачна терапија и успеавме.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

3. „Ми беше здодевно и бев несреќна“

На 35 години мојот живот изгледаше како сон – маж што ме сака и две прекрасни деца, но бев многу несреќна. Мојот сопруг беше добар човек, но крај него ми беше најздодевно на светот. Заминав на деловно патување и запознав Австралијанец во лифтот. Почувствувавме моментална хемија и поврзаност, си разменивме броеви и останавме во контакт. Одлучив да заминам во Австралија и најпосле да расчистам со себе. Но, наместо тоа, се заљубив.
Напуштив се, земјата, мажот, работата, родниот град. Станав независна и силна. Денес сум во среќен брак, водиме сопствена винарија и неверството беше најдобрата одлука во мојот живот. Боб и јас имаме пет деца.

4. „Мојот маж беше зависен од работа“

10 години водев свој живот, независно од мојот сопруг, бидејќи тој никогаш не беше во близина. Тој беше оптоварен со својата работа. Јас бев целосно предадеа на семејството, им пружав се, но во своето срце знаев дека ова нема да трае вечно.

Една ноќ се сретнав со еден познаник, а после неколку средби завршивме заедно. После неколку седмици неверство, одлучив да го завршам својот брак и да се венчам со „познаникот“. По некое време тој почина од срцев удар. Тоа што завршив со него беше истовремено и најдобрата и најлошата работа во мојот живот. Влезе во мојот живот, ја разбуди жената во мене и ми покажа дека секој момент е скапоцен.

- Реклама -