На многу места на планетава можат да се најдат илјадници напуштени градови. Без разлика дали се напуштени поради економски пропаст, или населението едноставно решило да се пресели, штом влезете во еден од овие градови, остатокот од светот останува зад вас. Ако никогаш не сте се чувствувале осамено во урбана средина, можеби би требало да посетите некој ваков град.

Од моментот кога ќе стапнете во регионот, веднаш ве полазуваат морници, и чувството дека сите луѓе едноставно исчезнале во некоја катаклизма. Празни улици, напуштени згради и вегетација која полека го уништува градот се единствените нешта кој можете да ги видите тука. Дури ни црквите не се повеќе она што биле, цигли од високата камбанарија паѓаат една по една во високата трева која го обраснала црковниот двор.