Јапонскиот кинематографер Takao Inoue создаде магична светлина што изгледа како фантастично глуварче – цвет кое што е замрзнато во времето.Процесот на производство на овие интересни светла изгледа прилично тешко. Прво, Inoue внимателно ги собира на пролет глуварчињата, потоа внимава да не го уништи нивното стебло . Потоа, цвеќето се затвора во кутија од акрилна пластика (и како тој успева да го стори тоа без да ги уништи воздушните меури не ни е јасно ). И на крај, OLED светлината е вградена во внатрешноста, па се добива ова.