Вистинската приказна зад Сунѓерот Боб

spongebob-squarepants-wallpaper

Морските сунѓери не зборуваат и не знаат да врзат Виндзоров чвор, медузите не се интересираат за уметност, а планктоните не развиваат Наполеонов комплекс. Сепак, сето ова и многу повеќе се случува во веројатно најпопуларниот американски цртан – Сунѓерот Боб, кој по појавата на сателитските, кабловските и особено интернетот, стана и планетарно познат. Ако сте и вие фан, сте се запрашале ли како е сé ова возможно? Да, се разбира, сето тоа е фикција, но е инспирирана од една мошне темна реалност. Пред да продолжите со читање, знајте дека по текстов веќе никогаш нема да го гледате Сунѓерот Боб со исти очи.

Во основа, ова уникатно аква-општество е резултат на нуклеарните тестирања што САД ги правеа во Јужниот Пацифик. Spongebob, Squidward, Plankton, Krabs, Puff – сите тие се всушност радиоактивно мутирани морски животни.

Историјата ја потврдува оваа теорија. Локацијата на нуклеарното тестирање за која се зборува во теоријата се атолите (корални острови) Бикини – кои се дел од Маршалските Острови и се наоѓаат во Микронезија. По Втората светска војна, како дел од вооружената трка со Советскиот Сојуз, армијата на САД таму детонираше 23 нуклеарни направи. Ви текнува на островот што се појавува на почетокот на секоја епизода на Сунѓерот Боб? Е, тоа се остатоците од атолите Бикини.

Креаторите на цртаниот филм имаат оставено и други хинтови што одат во прилог на оваа приказна за потеклото на Спонџбоб. На пример, популарниот магазин во Бикини Ботом (градот на Сунѓерот Боб, кој во превод значи „Дното на Бикини“) со наслов Toxic Waste Monthly („месечно издание токсичен отпад“), или облакот во форма на печурка што се формира при секоја експлозија во цртаниот.

Сосема извесно е дека бомбардирањето на Бикините е заслужно за постоењето на фиктивниот град Бикини Ботом, што воедно е можеби и најдоброто нешто што некогаш произлегло од нуклеарните тестирања.

Препорачуваме да ја прочитате целата мрачна приказна за нуклеарните тестирања, на следната страна.

- Реклама -