Љубовните сценарија од филмовите и книгите секогаш успеваат да допрат до нашите срца, но кога таквите приказни постојат и во вистинскиот живот, тогаш навистина станува збор за нешто што вреди да се прераскаже. Животот има свои подеми и падови, но токму убавите моменти се оние кои не исполнуваат и никако не смеат да се заборават. Тоа го направи и еден 88-годишен дедо кој во кратка роденденска порака посветена на неговата сопруга и го честиташе на романтичен начин нејзиниот роденден. Доколку сте заборавиле што е вистинска љубов, прочитајте го ова писмо:
„Кога и да успорам малку
и само ќе погледнам во твоите очи
се уште ја чувствувам таа искра на животот
која што не зближи,
се уште го чувствувам оној шепот во моето срце
кој прв ми кажа
дека сме створени еден за друг.“
„сакав да остарам со тебе. И остарев.
Во моите очи ти си прекрасна
колку и оној ден кога те запознав.
Често ти велев дека, кога за прв пат те здогледав,
ја видов најубавата жена во светот.
Денес се уште си тоа.
Ти благодарам што ми дозволи со тебе да го поделам ѓивотот.
Заради тебе би се искачил и на највисоката планина.“