VISA и MasterCard картичките моментално се вон функција, пари само во банка

Членките на Македонската банкарска асоцијација информираат дека во моментот дел од услугите поврзани со картичните брендови VISA и MasterCard се недостапни на банкомат или во трговија.

Од Македонската банкарска асоцијација соопштија дека како и досега, средствата на клиентите на банките се достапни во сите експозитури и филијали.

„Членките на Македонската банкарска асоцијација се во интензивна комуникација со картичните брендови VISA и MasterCard, и од досегашните анализи може да се каже дека причината за проблемот не е поврзана со националните телеком оператори, ниту со поединечните системи на банките. По добивање покомплетни сознанија, јавноста навремено ќе биде известена од страна на Македонската банкарска асоцијација“, се наведува во соопштението од Македонската банкарска асоцијација.

Прочитајте и:  ИСОС и МБА склучија партнерство за развој на сметководствената професија и правилна имплементација на меѓународните сметководствени стандарди
- Реклама -