Виртуелни тури околу светот

Повеќе... Лето е па сигурно веќе размислувате каде би сакале да го поминете одморот, но можете да посетите и некоја дестинација од удобноста на вашиот компјутер. За тоа – тука е Интернетот. Со негова помош, можете да отидете на виртуелна тура на многу туристички дестинации, како и места кои можете да ги посетите само онлајн. Еве што се нуди на виртуелната туристичка мапа.

Лето е па сигурно веќе размислувате каде би сакале да го поминете одморот, но можете да посетите и некоја дестинација од удобноста на вашиот компјутер. За тоа – тука е Интернетот. Со негова помош, можете да отидете на виртуелна тура на многу туристички дестинации, како и места кои можете да ги посетите само онлајн. Еве што се нуди на виртуелната туристичка мапа.


1. Пештерата Ласко

445_lascaux.jpg

Праисториските пештерски слики во Ласко, откриени во 1940, беа затворени за јавноста во 1963 заради опасноста од нивно оштетување, но вие можете да отидете на виртуелна тура во оваа пештера и да ги видите сликите кои се придружени со објаснувања на веб страницата на Француското министерство за култура. Останатите виртуелни тури низ познатите светски пештери ќе ве однесат во Ogof Ffynnon Ddu во Велс, Lechuguilla во Carlsbad, Ново Мексико и Мамутската пештера во Кентаки.

Виртуелната тура во Бeлата куќа ќе ве однеси на секој од катовите и деловите на зградата плус и низ историјата и нејзиниот изглед во различни периоди од минатото. Со кликање на собите ќе добиете фотографија на внатрешниот изглед и како истата соба изгледала во минатото. Секоја страна е со многу информации, како на пр. кој претседател спиел со Првата дама во иста или одделна соба.

3. Грејсленд
445graceland.png

Домот на Елвис Присли во Мемфис денес е храм за сите негови фанови околу светот. Официјалната веб страница на Грејсленд нуди панорамски поглед врз различните делови и соби во Грејсленд, но за информации за она што го гледате оставени сте сами на себе, само замислете си дека ова е една од оние направи-сам тури.

4. Диносауруси

445dinosaurs.png

Прочитајте и:  „Св. Ѓорги“ и Јени џамија, од денеска се Музеј на христијанско и исламско културно наследство

Националниот природно-историски музеј, кој е дел од Смитсон институтот, нуди интерактивни тури низ светот на диносаурусите. Кликнете на сè она што ви изгледа интересно за да го зумирате: диносаурусите, фосилите и фактите за музејот. Смитсон, исто така, нуди виртуелни тури низ Националниот музеј на Американската историја, Националниот зоолошки парк, подводен свет и комплетниот Природно-историски музеј.

5. Домот на Бил Гејтс
445gates.png

Сите фантазираме за тоа како би изгледал нашиот дом кога парите не би бил проблем. Е па можете да погледнете како изгледа домот на човек со неограничен буџет. На оваа тура не можете да појдете во реалниот живот. Погледнете како изгледа имотот на Бил Гејтс со 14-метарска подземна гаража, базен со подводна музика и библиотеката со скриени премини, баш како во филмовите.

6. Wieliczka рудници со сол
445saltmine.jpg

Wieliczka рудниците со сол во Полска се дел од Светското културно наследство, биле во употреба речиси 1.000 години. Премините и тунелите се долги и до 300 километри. Виртуелната тура во рудникот е концентирана врз историјата, геологијата, економијата и архитектурата. На сликата е подземна црква изградена во овој рудник во 1896 година.

7. Антарктик
445southpole.png

Патувајте во Нов Зеланд, потоа до McMurdo станицата и конечно до Amundsen-Scott станицата за истражување на Северниот пол. Турата на Антарктикот е многу информативна, а секоја од сликите може да биде зумирана. Нема флеш, но има многу информации за најладното место на планетава со многу линкови за оние што сакаат и понатаму да истражуваат.

8. Лувр
445staircaselouvre.png

Официјалната веб страница на Лувр нуди исцрпен виртуелен приказ на Амбасадорките скалила, археолошката изложба на Бовит манастирот од Египет, уметноста на Jean-Honoré Fragonard и други виртуелни изложби во 3D.

9. Њујорк од воздух
newyork360.jpg

Фотографирани од Oleg Gapanayuk и Andrei Zubets, овие неверојатни панорами на Њујорк беа конвертирани во флеш виртуелна тура со голема резолуција. Погледнете како изгледа да летате над Њујорк. 

 

Бонус: Виртуелна посета на музејот Прадо во Мадрид, Шпанија.

- Реклама -