Вирален хит од Србија: „А каде е печатот“ завладеа на социјалните мрежи

Во денешно време секој може да стане ѕвезда на Интернет, а тоа го докажа и случајов од Ниш.

Зоран Петровиќ од Ниш преку ноќ се прослави и тоа само поради тоа што го интересираше каде е печатот. Наскоро на Интернет се појавија бројни монтажи, а љубопитноста на работникот се прошири на социјалните мрежи.

[youtube]http://http://youtu.be/WMQLZkXe21I[/youtube]

 

Овој работник во компанијата „Граџевинар“ појаснил дека легендарното прашање го поставил на протест пред Градската куќа во Ниш.

„Не беше наш синдикалец, не знаев кој е. Повторно би го прашал истото, зашто ако веќе читаш нешто како претставник на работниците тогаш тоа парче хартија мора да има печат и потпис“, изјавил Петровиќ за „Ало“ кој 24 години работел во компанијата од каде што му должат 27 плати.

[youtube]http://youtu.be/WdkKxQyaWN0[/youtube]

 

„Нека се смее кој сака, само работниците нека го добијат тоа што им припаѓа“, ја искоментирал својат слава.

[youtube]http://youtu.be/sfIwK3eOsgY[/youtube]

 

[youtube]http://youtu.be/LzYgFJ8S44E[/youtube]

 

- Реклама -