VIP го купува Blizoo Македонија

Телеком Австрија, сопственик на ВИП во земјава,  потпиша договор за купување на 100% од кабелскиот оператор Blizoo Македонија, еден од најголемите кабелски оператори во Република Македонија кој нуди услуги за ТВ, широкопојасни услуги и фиксна телефонија. 

Во моментов се чека Комисијата за заштита на конкуренцијата да ја одобри купопродажбата, а потоа да се појават на пазарот фиксни и мобилни услуги во пакет и проширување на групацијата.

„Купувањето на Blizoo Македонија отвoра широка лепеза на возбудливи можности за Вип оператор, со тоа што ќе ги сплоти силите и капацитетите на двете компании кон иден успех. Исклучително сме задоволни што по неколку години работење во мобилниот сегмент на пазарот, имаме можност да се вклучиме во фиксна и мобилна конвергенција, што секако ќе резултира со поголеми придобивки и за корисниците на Вип и за корисниците на Blizoo”, изјави Никола Љушев, Главен извршен директор на Вип оператор.

Вредноста на договорот не се открива.

Blizoo Македонија во моментот има 63,000 претплатници, од кои 47,000 се претплатници на широкопојасни услуги.

- Реклама -