Дека тоа што е сопруга на славен фудбалер не значи и дека се интересира за спорт доказ е Викторија Бекам, која вчера гостувајќи во телевизијата „Е!“ покажала изненадувачко незнаење на тенисот.
Некогашната пејачка, а сега модна дизајнерка изјавила дека никогаш не слушнала за Новак Ѓоковиќ, при што подоцна кажала дека тешко помни руски имиња.
Малиот спортски квиз кој и го подготвил водителот, со цел да и ја олесни задачата на Викторија, и понудил фотографии кои претставувале три можни одговори на прашањето: кој го освоил минатогодишниот Вимблдон?
На сликите се наоѓале Роџер Федерер, Енди Мареј и Новак Ѓоковиќ.
„Мислам дека Енди не победи бидејќи ќе „вриштеа“ сите медиуми во Британија, веројатно е во прашање Федерер, а за овој третиот никогаш не сум слушнала“, изјавила Викторија, мислејќи на Новак Ѓоковиќ.
Вчудоневидената реакција на водителот била очигледна, па Викторија извинувајќи се рекла дека подобро помни лица одколку имиња.
„Да, да, сега се сеќавам како изгледа, висок и црн, зарем не? Но, не памтам имиња, особено не оние тешките, руски имиња“ рекла г-ѓа Бекам.