Виктор Апостоловски ќе дели кондоми

Во четврток на 5 декември, со почеток во 10.30 часот, во просториите на „ТЦ Сити Мол“ Црвениот крст на РM и Црвениот крст на Град Скопје, со поддршка на високиот комесаријат за бегалци во РМ (УНХЦР) Скопје, ќе спроведат целодневна едукација за свесноста и опасностите од ХИВ/СИДА.

Едукацијата ќе се одржи под мотото „ Да стигнеме до нула: Нула ноци хив инфекции, Нула дискриминација, Нула смртни случаи од СИДА“.
Кампањата е поддржана од младиот Виктор Апостоловски од „Идол“, кој ќе биде присутен на настанот како едукатор.

На информативниот пулт ќе бидат достапни инфо-материјали за ХИВ/СИДА, а ќе се делат и кондоми.

- Реклама -