Викенд десерт: Торта медено срце

Тортата добро оладете ја пред да ја сечете. Многу е кремаста и брзо се прави.
Состојки:

100 г. маргарин

400 мл. млеко

80 г. пудинг (ванила)

4 лажочки шеќер

100 г. црно чоколадо

100 г. бело чоколадо

200 г. шлаг крема

300 – 400 г. медено срце

1 кутија пишкоти

Подготовка:

Пудингот изматете го во малку млеко, а остатокот од млекото ставете го на оган да се вари.

Разматениот пудинг со шеќер сипете го во врелото млеко. Варете додека не се згусне. Тргнете го пудингот од оган да се олади.

Оладениот пудинг соединете го со изматен маргарин.

Смесата поделете ја на два дела.

Во првиот дел додадете 100 г. топено бело чоколадо, а во вториот дел додадете 100 г. топено црно чоколадо. Изматете ја шлаг кремата, па во белиот крем (прв дел)  додадете две полни лажици шлаг крем и лесно измешајте. Во вториот дел со црно чоколадо додадете две лажици шлаг и мешајте.

Пишкотите се редат на подлога за торта и се топат во сок (било кој).

Потоа ставаме бел фил, ги редиме медените срца, откако претходно ги боцкаме со вилушка на две-три места и сме ги потопиле во некој сок.

Врз срцињата се реди црниот фил.

Тортата се премачкува со остатокот од шлаг и се украсува по желба.

- Реклама -