„Вие јадете премногу”, се вика проектот на бразилскиот фотограф Марко Уголини кој што се обидува да покаже колку непотребни нешта купуваме во супермаркет само затоа што дизајните им се шарени и примамливи.
Фотографот вели дека целта му е да ја прекине манипулацијата од страна на производителите и да им покаже на луѓето дека сè е само ефект на боите и треба да се пазарува со повеќе мисла.
За да го зголеми ефектот на својата порака, Марко Уголини користи само шест основни бои.