(ВИДЕО) Ураган ја погоди Јамајка, се упати кон Мексико

Фотографиите на социјалните мрежи покажуваат поплавени улици и разнесени покриви

Фото: Икс

Ураган со силни ветришта и дожд ја погоди Јамајка, оштетувајќи згради и корнејќи дрвја на островот на Карибите.

Берил – бура од четврта категорија со ветрови до 215 километри на час го погоди јужниот брег на островот.

Фотографиите на социјалните мрежи покажуваат поплавени улици и разнесени покриви.

Според Си-ен-ен, една жена загинала на Јамајка откако дрво паднало врз нејзиниот дом.

Ураганот пред да падне на копното во Јамајка, убил најмалку седум лица, тројца во Венецуела, тројца во Гренада и еден во Сент Винсент и Гренадини.

Откако ја погоди Јамајка, Берил ослабе и се упати кон Мексико.

- Реклама -