(ВИДЕО) Украинците објавија снимка: Соборивме моќен руски Су-30 над Црното Море

Русите изгубиле контакт со авионот вчера околу 5 часот наутро. Околу три часа подоцна, тие започнале операција за пребарување и спасување

Украинската армија собори моќен руски борбен авион Су-30 за време на операција во Црното Море, соопшти денеска украинската воена разузнавачка агенција ХУР.

Објавена е и снимката од соборувањето на авионот. Според се уште непотврдени информации, тоа било изведено со рачен фрлач на противвоздушна ракета.

Станува збор за еден од помодерните руски борбени авиони чија цена е околу 50 милиони американски долари. Авионот кој се урна во морето припаѓал на 43. посебен полк на поморската авијација на вооружените сили на Русија, кој се наоѓа на аеродромот во градот Сака на окупираниот Крим.

Русите изгубиле контакт со авионот вчера околу 5 часот наутро. Околу три часа подоцна, тие започнале операција за пребарување и спасување во која биле вклучени авионите Ан-26, како и хеликоптерите Ми-8 и Ка-27, соопштија украински извори.

Околу седум часа подоцна, тие ја информирале командата за карактеристичната дамка од воздухопловното гориво откриена во морето, на 70 километри северозападно од Кејп Тарканкут, а набрзо ги виделе и остатоците од уништениот Су-30, велат Украинците.

- Реклама -