(ВИДЕО) Тепачка во турскиот парламент

На видеото се гледа дека пратениците на владејачката партија АКП брзаат да го удрат опозицискиот пратеник Ахмет Шик додека зборува од говорницата, а десетици други се придружуваат

Фото: принтскрин

Денеска во турскиот парламент изби тепачка кога пратеник од опозицијата беше нападнат откако повика негов колега, затворен под обвинение за организирање антивладини протести, да биде примен во собранието бидејќи беше избран за пратеник, јави Ројтерс.

На видеото се гледа дека пратениците на владејачката партија АКП брзаат да го удрат пратеникот Ахмет Шик додека зборува од говорницата, а десетици други се придружуваат. Некои, пак, се обидуваат да ги задржат другите.

Пратеникот Кан Аталај беше осуден на 18 години во 2022 година откако беше обвинет дека се обидел да ја собори владата со наводно организирање на протестите во паркот Гези во 2013 година со филантропот Осман Кавала, кој исто така сега е затворен со уште шестмина други. Сите ги негираа обвинувањата.

И покрај затворањето, Аталај беше избран во парламентот во мај минатата година да ја претставува Работничката партија на Турција (ТИП). Парламентот му го одзеде мандатот, но на 1 август Уставниот суд го прогласи неговото исклучување за ништовно.

Физичките пресметки не се ретки во турскиот парламент. Во јуни пратениците на владејачката АКП се пресметаа со пратениците на прокурдската партија ДЕМ околу притворањето и смената на градоначалник на ДЕМ во Југоисточна Турција поради наводни милитантни врски.

- Реклама -