Видео споредба на сите Nexus смартфони

Неодамна Nexus 5 започна да се продава и веќе е во рацете на голем број на купувачи со оглед на атрактивните компоненти понудени по многу ниска цена. Ова е со сигурност најдобриот смартфон на Google бидејќи за прв пат Nexus влезе во директна трка со останатите конкуренти нудејќи врвни перформанси.

Почетоците на Nexus и не се така далеку, но првите два уреди воопшто и не се натпреваруваа во премиум класата, а таа перцепција полека се менуваше со Samsung Galaxy Nexus и LG Nexus 4.

Во следното видео се прикажани сите досегашни пет модели на Nexus, од кои првиот е изработен од HTC, вторите два се на Samsung, а последните два се на LG. Споредбата на перформанси е очигледна бидејќи новиот Nexus 5 е апсолутен ѕвер со сите категории иако зад него не заостанува премногу претходникот Nexus 4, па погледнете го ова кратко видео.

[youtube]http://youtu.be/kHOmKY09EK4[/youtube]

Текстот е објавен во соработка со telefoni.mk

- Реклама -