(ВИДЕО) Специјалните единици во комплексна акција пронајдоа и спасија исчезнато лице од Дурфулија

Исчезнатиот бил пронајден во животнозагрозувачка состојба, по што со хеликоптер е пренесен до Државната болница во Скопје

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов информираше за напната акција на специјалните сили која резултирала со успешно пронаоѓање и спасување на лицето Исмаил Муратов од селото Дурфулија кое се водело како исчезнато од петокот.

Лицето било пронајдено во животнозагрозувачка состојба, полусвесен, со знаци на живот, но не било во можност да комуницира. Тој бил пронајден крај реката Брегалница, југо западно од овчеполскиот врв Богословец, во атарот на селото Бекирлија.

Лицето со помош на хеликоптер, во полусвесна состојба е пренесено во Државната болница во Скопје на понатамошно лекување.

- Реклама -