ВИДЕО| SoundEdge со два нови синглa


Музиката што долго време лебдеше во воздухот на SoundEdge студиото, што излегуваше и влегуваше од главите во комјутерите, што се провлекуваше меѓу прстите и инструментите стана две нови песни. Сликите што патуваа долго и што се возеа од место до место станаа спотови.

SoundEdge летаа од алтернатива, преку рап рок до длабока електоника и амбиент и ги издадоа сингловите Urban Species и Let the morning sleep кои ги пратат и видео записи.

Двете песни авторски, аранжмански и продукциски се дело на Симеон Спировски. Тектовите ги напиша и испеа Рената Аризанова, а видеата ги состави Александар Лазаревски.

Песните ги има на Youtube, а наскоро и на другите платформи.

- Реклама -