Екипа на воени известувачи и сниматели на подрачјето на Сирија забележа снимки од руската војска.
Беспилотните летала со камера со висока резолуција ги снимале акциите на руската војска во Сирија и ударите на некои од главните центри на „Исламската држава“.
Видеото е објавено на Јутуб каналот Александар Пушкин, кој е еден од руските воени известувачи што своите снимки и фотографии од кризни подрачја ги објавуваат на сајтот “Russian works”.
Поминаа повеќе од три недели откако руската војска активно се вклучи во борбата против „Исламска држава“ во Сирија. До сега беа изведени повеќе од стотина воздушни напади во кои беа уништени голем број мети. Акцијата која ја одобри претседателот на Русија, Владимир Путин наиде на одобрување и подршка, но исто така и на критики.
Додека еден дел од сириските жители со воодушевување го поздравува уништувањето на „Исламска држава“, западните држави на чело со САД ја обвинуваат Русија дека под правната борба против џихадистите сакаат од земјата да ја избришат силата која би го тргнала од власт претседатлот Башар ал-Асад.
Видеото од нападот во продолжение.