Руската вселенска агенција „Roskosmos“ објави ново видео од полетувањето на рекатата „Сојуз“ од новиот космодром.
„Сојуз“ беше успешно лансирана на 28 април, а по осум минути лет, модулот „Волга“ се одвои од ракетата и го продолжи патот во орбитата, носејќи три сателити за истражување и надгледување на планетата. Сателитите успешно беа лансирани на своите позиции.
Видео снимката е направена од камерата поставена на бочната страна на самата ракета „Сојуз“. На неа прв пат од перспектива се гледа како изгледа лансирање во орбитата, но и моментот на ослободување на сателитите во атмосферата.
Патем, лансирањето на „Сојуз“ беше одложувано два пати. Првиот лани во декември, заради работа на космодромот, а вториот заради технички дефект, на само еден ден пред да полета ракетата.