Ако погледнеме подобро, речиси во сé можеме да најдеме интересни скриени пораки. Тоа важи и за рабовите на страниците на книгите, на кои неретко се кријат илустрации и слики. Многу од нив остануваат скриени за невнимателното око, и се видливи само кога ќе ги погледнете страниците од одреден агол.
Се смета дека ваквите слики скриени во книгите потекнуваат уште од 10-от век, а првите познати верзии се од 1649 година. На почетокот се работело само за декоративни дизајни, но околу 1750-тите, на скриените слики почнале да се појавуваат и посериозни теми, како пејзажи, портрети и религиски сцени. И обично овие слики биле тесно поврзани со содржината на книгата.