(ВИДЕО) Силно невреме проследено со град во тетовско

Силниот ветер и градот, информираат репортерите на „360 Степени“ од терен, направија штети на земјоделските култури и овошните насади но и штети во урбаните средини

Силно невреме во Тетовско

Центарот за управување со кризи соопшти дека во 16.30 часот територијата на Тетово ја зафати невреме проследено со дожд, грмотевици и силен ветер во траење од околу 40 минути. Големото количество поројни води предизвика поплавување на дворови и подруми на повеќе од педесетина куќи и објекти во пониските делови на градот.

Екипите на ТППЕ Тетово и јавно комуналните претпријатија се на терен и вршат пунктирање на водата од објектите.

Од страна на ТППЕ Тетово преку ЦУК било побарано исклучување на струјата во цело Тетово.

Силниот ветер и градот, информираат репортерите на „360 Степени“ од терен, направија штети на земјоделските култури и овошните насади но и штети во урбаните средини (оштетени кровови, канделабри, пластифицирани настрешници, возила и др.).

Штетите ќе се проценуваат дополнително. Од ЕВН информираа дека струјата се исклучува улица по улица и населба по населба.

На бројот 112 во ЦУК има повеќе од 200 пријави на штети на возила, вклучително и скршени ветробрански стакла на возила во движење на автопатот Скопје – Тетово, особено во делот на општина Желино.

Силно невреме во Тетовско

- Реклама -