Видео рецепт: Тробоен ролат со месо

Декоративен ролат од месо, со пиперки, блитва и јајца. Одличен за секоја трпеза.

sostojki

Подготовка

Чекор 1: Блитвата кратко обарете ја и оставете ја убаво да се исцеди. Листовите треба да останат цели. Црвените пиперки испечете ги на најсилно во рерна, петнаесетина минути. Потоа излупете ги и исчистете ги. Двете јајца изматете ги и направете кајгана, рамна како палачинка. Ако сакате добро да ја покриете цела површина на ролатот, може да направите и две кајгани, па да ги обликувате.

Чекор 2: Во меленото месо додадете го прашакот за пециво. Зачинете со сол, бибер, мешан зачин, црвен пипер, шарена сол и други зачини по желба. Додадете и јајце и добро измесете.

Чекор 3: На фолија премачкајте масло, наросете сусам и расплескајте го месото внимателно во форма на правоаголник.

Чекор 4: Врз месото прво наредете ја блитвата по целата површина. Потоа ставете ја кајганата, а врз неа распоредете ги пиперките.

Чекор 5: Со помош на фолијата внимателно завиткајте ролат. Ставете го ролатот во тавата, покријте го со фолија и попрскајте го со малку вода. Печете 30 минути на 200 степени, потоа извадете ја фолијата и печете уште 30 минути на 180 степени.

СОВЕТ: Пред да сервирате, почекајте ролатот да се олади за да може да исечете правилни парчиња. Декорирајте по желба.

- Реклама -