За да го подготвите овој рецепт, потребни ви се следниве состојки:
- 600 грама шницли од свински врат
- 3 листови ловор
- 1 чаша бело вино
- сол и бибер
- масло за пржење
За СОСОТ ќе ви треба:
- 1 китка магдонос
- 50гр путер
- 200мл вода
- 250гр кисела павлака
- 1/2 лимон
- 2 лажици брашно
- сол и бибер
За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Гурмет 8 во 1 пекач.
Подготовка
Чекор 1: Ќе започнеме со подготовка на местото. Исчукајте ги шницлите за да бидат помеки. Зачинете ги со сол и бибер. Пропржете ги на загреано масло во Гурмет пекачот, на функцијата (Saute`) потпржување, додека заруменат од двете страни.
Чекор 2: Кога ќе се потпржат шницлите, додајте ги листовите ловор и виното, покријте ги со капакот и оставете да динстаат 10 минути на пониска температура. Потоа тргнете го капакот, вратете на функцијата за потпржување и кратко пропржете ги од двете страни откако ќе испари течноста.
Чекор 3: Исечкајте го магдоносот и се пропржете го на растопениот путер 3-4 минути, на функцијата (Saute`) потпржување. Во испржениот магдонос додајте ја водата и сокот од пола лимон и се оставете да проврие, на пониска температура.
Киселата павлака разматете ја со брашното и додајте ја во зовриената смеса. Сосот варете го десетина минути со повремено мешање, на функцијата (Slow cook) бавно готвење. На крај зачинете со сол и зачин по вкус.
Чекор 4: Сервирајте ги шницлите со компири како прилог, и прелијте ги со сосот од магдонос.