Видео рецепт: Француски макарунс

Техниката за правење макарунс е малку проблематична бидејќи многу фактори влегуваат во игра, односно квалитетот и количината на состојките, мешањето на тестото, тавчињата, температурата и времето на печење… Која било од овие работи може да предизвика проблем.

Понекогаш колачињата имаат нееднаква форма, врвовите имаат пукнатини, а внатрешноста е премногу сува.

За жал, потребни се повеќе обиди за да добиете совршени макарунс, па најдобро е да фаќате забелешки и внимателно да ги следите сите чекори во готвењето. Така, ако имате проблем може да се навратите на забелешките и да видите каде грешите.

За крај, иако правењето макарунс е целосен предизвик, дефинитивно се исплати. Секој нареден пат кога ќе ги направите нема да ви се верува колку убаво изгледаат и колку се вкусни. Значи, вежбајте за совршени макарунс! [French Macarons Recipe & Video]

[youtube]jR7lNITB7ZY[/youtube]

- Реклама -