(Видео) ПРЕСПАНСКОТО ЕЗЕРО ПPOПAЃA ВО ДУПKA

Вистинска еколошка катастрофа се случува во Преспанското езеро, откако дното на езерото во својата најдлабока точка пресуши.

На снимката која наш читател ја направи во Мала Преспа, каде и што се наоѓа месноста „Казан“, ја покажува сериозноста и алармантноста на ситуацијата.

Понорот „Казан“ е место каде што Преспанското езеро се одлева, а оттаму под Галичица се влева во Охридското езеро. Во нормални услови овој понор би бил од 50 до 70 метри под вода. Впрочем, оваа точка во Преспанското езеро е и најдлабоката точка.

На снимката, јасно се гледа понорот и дното на езерото во својата најдлабока точка.

Според мештаните, Преспанското езеро е доведено до оваа состојба благодарение на незаинтересираноста на државата да го спречи неконтролираното испумпување на водата во соседна Албанија и Грција, каде тамошните земјоделци ги полеваат сопствените ниви.

Дополнителен проблем, велат познавачите е злоупотребата на водата од Охридското езеро која преку браната во Струга се испушта во Црн Дрим а потоа во Албанија оваа вода се користи за производство на електрична енергија во приватни хидроцентрали. Повлекувањето на вода од Охридското езеро, неминовно повлекува вода и од Преспанското.

За алармантноста на состојбите, погледнете го видеото.

видео

- Реклама -