Деновиве на социјалните мрежи се врти снимка што несомнено ќе ве растажи, налути, па и разгневи. Додека работниците во округот Кепатанг, на западот на Борнео, се обидуваат да соборат едно стебло, еден очаен но храбар орангутан се обидува да ја спречи машината што ќе му го уништи домот, исто како што претходно им ги уништила домот и на многу други животни.
Видеото е снимено од меѓународната организација за спасување животни (IAR), во 2013-та година. Веднаш се покажа зошто е објавено дури сега – предизвика бројни гневни реакции, а сите се во еден ист правец: дека (не)човекот е најголемото зло што прошетало по Земјата.