По приведувањето од дома со полиција, Специјалната обвинителка Катица Јанева е донесена во просториите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Полиција го обезбедува пристапот.
Дел од обвинителите од СЈО се внатре, додека тимот истражители врши претрес само во канцеларијата на Јанева. Се очекува да биде запленет нејзиниот компјутер и други предмети што би послужиле како доказ во истрагата „Рекет“, во делот за вршење влијанија врз истрагите каде што е опфатена специјалната обвинителка како осомничено лице.
Во нејзиниот мандат беа покренати повеќе обвиненија против функционери на ВМРО ДПМНЕ, за кривични дела кои произлегоа од содржината на незаконското следење на комуникациите. Но, само за неколку од случаите има правосилни пресуди. Еден од нив е случајот „Тенк“, во кој на две години затвор беше осуден поранешниот премиер Никола Груевски, кој избега и доби азил во Будимпешта.
Приведени и двајца политичари?
Според информации на Алсат, освен специјалната обвинителка Катица Јанева, денеска се приведени и двајца политичари поврзани со случајот „Рекет“.
Засега нивните имиња не се откриваат, а од Основното јавно обвинителство најавија прес конференција за во 14:00 часот.
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева беше одведена со полиција од домот во скопско Козле до СЈО.