Очајните преживеани по катастрофалниот земјотрес што уби над 360 луѓе во Пакистан и Авганистан, молат за храна и ќебиња, пренесе BBC.
Лошото време и актите на насилство ги отежнуваат напорите за спасување. Авганистанските талибанци повикаа добротворните организации да продолжат со снабдувањето со помош за жртвите на земјотресот што уништи илјадници домови, предизвика лизгање на земјиштето и паника и ги блокира комуникациите.
Масовните погребни церемонии беа одржани и во двете земји, а официјални лица предупредија дека бројот на жртвите може да се зголеми, бидејќи цели заедници остануваат недостапни поради зимските услови.