Новиот документарен филм за животот на трагично починатата пејачка Ејми Вајнхаус, покажува досега невидена снимка од нејзините тинејџерски денови.
Се работи за видео од 1998 година, кога таа имала 14 години, и во кое му пее роденденска песна на свој пријател.
Документарниот филм „Ејми“ во кината пристигнува во јули, а претпремиерно беше прикажан на овогодинешниот Кански фестивал, каде што доби само пофалби и позитивни критики.
Филмот што го следи животниот стил на британската пејачка, која трачично загина на 27 годишна возраст, ќе добие премиера во Велика Британија на 3 јули, на четвртата годишнина од нејзината смрт.
Во рамки на филмот, кој трае два часа, публиката ќе има можност да слушне неколку необјавени песни, ексклузивни интервјуа како и да види ретки снимки.
„ Јас не сум девојка која се обидува да биде ѕвезда, ниту да бидам било што друго освен музичарка“, вели Ејми во кратката најава за филмот.