Погледнете го новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ емитувано на 14 март 2024 г. на МРТ 1
Во ова издание донесуваме:
– Здравство ги избра, но се уште не става потпис за да ги купи амбулантните возила од по 90 000 евра;
– По одлуките да останат платените предизборни реклами со пари од државниот буџет, да се врати редовното државно рекламирање и да се озаконат субвенциите за весниците – анализа за оправданоста и импликациите;
– Среде енергетска криза, Скопје навечер паѓаше во мрак: Како е сега – слика од терен;
– Комисијата за спречување и заштита од дискиминација (КСЗД) најави дека засилено ќе го мониторира вознемирувачкиот говор во текот на предизборните кампањи – што во пракса ќе значи тоа од разговорот со претседателот на КСЗД, Игор Јадровски;
– Нова „Саботажа“.