ВИДЕО: Mercedes паркираше 9.000 нови автомобили на писта во Германија

На поранешниот воен аеродром во Алхорн, Долна Саксонија, во моментов се наоѓаат илјадници паркирани нови Mercedes-и, што од една страна е тажно, но истовремено и претставува извонредна глетка.

Како што пренесуваат германските медиуми, на пистата подолга од 2 километри се сместени околу 9.000 автомобили, а причина се откриените дефекти кај моделите GLE и GLS, произведени во фабриките на Mercedes во Тускалуси, САД.

Според магазинот „Automobilwoche“, откриени се проблеми со седиштата и браниците, за што „заслугата“ Mercedes им ја припишува на добавувачите на Daimler. За да се избегнат негативните реакции на купувачите, овие околу 9.000 автомобили се повлечени од продажба и транспортирани на пистата на Алхорн.

„Заедно со нашите докажани и нови добавувачи, применуваме мерки за да се носиме со предизвиците. Работиме напорно за да се осигураме дека нашите купувачи ќе ги добијат своите нови возила што поскоро“, велат претставниците на Mercedes-Benz.

- Реклама -