Националист од Скопје развеа лажно црвено знаме со сонцето од Вергина на грчкиот фестивал во селото Керасиа во Пела – пишува грчкиот медиум “Protothema”.
Фестивалот насловен како “Керасиотика” се одржувал четири дена минатата недела, а бил организиран од Културната асоцијација “Аристотелис”.
Oд “Прототема” велат дека ова е еден од настаните каде жителите од овие краишта сакаат да покажат дека се Македонци во Северна Грција кои се угнетени од властите.
“Оваа година, поради договорот од Преспа, неколку Македонци ја преминаа границата како засилување на локалните жители. Тие беа гости на добро познатиот деформиран свештеник Никодим Царкњас. Се појавија провокативно, веејќи го знамето со сонцето од Вергина, кое неодамна беше забрането за употреба во Скопје поради договорот од Преспа”, додаваат од “Прототема”.
Погледнете како нашите виеле оро, пееле македонски песни и го вееле шеснаесеткракото сонце од Кутлеш:
https://youtu.be/N8rW7plxeIk