Владите и министерствата за здравство ширум светот работат на објаснување на граѓаните за важноста на социјалната оддалеченост и останување дома.
За таа цел, едукативно видео беше споделено и од Би-Би-Си. Во видеото кое трае нешто повеќе од една минута, тие објаснуваат како можете да имате коронавирус без да бидете свесни за тоа.
Тие објаснуваат дека можете да живеете нормално и да не знаете дека сте заразени, дека можете да шетате наоколу без никакви симптоми и дека може да заразите од две до три лица во рок од една недела.
Сепак, секој од овие луѓе инфицира уште два до три и така продолжува растот. Но, видеото на БиБиСи исто така објаснува што се случува ако луѓето останат дома, не одат во продавница, не одат на работа или да ги посетуваат пријателите.
Оваа тактика го намалува бројот на потенцијални заразени од 406 на само 15.
„Тоа е разликата помеѓу животот и смртта“, се вели во видеото, со пораката дека треба да се останува дома колку што е можно затоа што тоа спасува животи.
Погледнете го целосното видео: