ВИДЕО: Како да го сварите најсилното јајце за Велигден

Велигден е најголемиот христијански празник, ама си носи и одредени трауми (види слика). За да ги избегнете, читајте во продолжение.

Порано изгледа луѓето повеќе си веруваа, па се случуваше некој и да падне на трикот со дрвено јајце кога се кршите на Велигден. Денес е потешко, и илето мора да го правиш посуптилно, инаку одма се познава.

Ние сакаме да мислиме дека ни текна како. Триков подоле веројатно го знаете, ама веројатно не ви текнало да го користите во велигденски јајцекршачки цели. Ах беее, што ќе правевте вие без нас…

Како и да е, логиката ни е дека затоа што жолчката е погуста и поцврста од белката, со мучкање на јајцето пред варењето, и со изедначување на содржината во него, ќе добиете посилна потпора за лушпата. Нема да е како дрвеното, ама хеј, сепак нијансите го одлучуваат победникот во јајцеборбата, нели?

Искрено, не стигнавме да ја тестираме нашава идеја на дело, затоа го објавуваме со неколку дена фора, да имате време да си барате и други чариња ако ова пропадне.

А да, и пишете ни дали работи или не, да не лажеме народ безвезе.

- Реклама -