(ВИДЕО) Изгаснат пожарот што избувна во зграда позади „Сити мол“, нема повредени

На социјалните мрежи дел од граѓаните реагираа дека противпожаното возило немало од каде да пристапи до зградата за да го гасне пожарот

Изгаснат е пожарот што денеска избувна во стан во зградата на улица „Манапо“ во Карпош 3 во непосредна близина на „Сити мол“.

Како што информира командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита Звонко Томески, повредени нема, а полицијата допрва ќе ја утврди причината за избувнување на пожарот.

„Пожарот избувна во стан во делот на балконот, во зграда на улицата „Манапо“. Интервенирано е со три противпожарни возила и осум пожарникари и за кратко време истиот е локализиран“,

изјавил Томески за МИА.

Тој потенцираше дека и полицијата била присутна и таа допрва ќе ја утврдува причината за настанување на пожарот. 

На социјалните мрежи дел од граѓаните реагираа дека противпожаното возило немало од каде да пристапи до зградата за да го гасне пожарот.

- Реклама -