Здружението за заштита на животни Анима Мунди објави видео запис од исплашен коњ како трча низ главните улици на Скопје.
Коњот е снимен вчера вечер како трча во населба Хром, но потоа очевидци пријавиле дека го забележале и на Партизанаска.
Случајот граѓани го пријавиле и во полиција, стравувајќи како за безбедноста на учесниците во сообраќајот, така и за животот на исплашеното животно.
Поинтересна од вознемирениот коњ на улиците на градската метропола била токму реакцијата на полицијата, барем судејќи според постот на Фејсбук групата „Ѕид на сообраќајниот срам“ (кој во меѓувреме е тргнат):
„Дали знае некој од каде може да е избеган? Вознемирено трча по Партизанска опасно е и за него и за колите. Пријавив во полиција ама се изнасмеаа“, напиша девојка која била очевидец.