The Thunder Child е револуционерен брод за потрага и спасување кој е невозможно да го превртите. Дури и кога ќе се најде наопаку во водата, бродот се исправа „на нозе“ речиси инстантно.
Дизајниран е од ирската компанија Safehaven Marine со примарна цел за употреба во високоризични ситуации (морска бура, на пример). Достигнува брзина од 54 јазли (скоро 100 км/ч), собира екипаж од 10 луѓе, а е дизајниран да ги издржи сите удари од немирното море.
Како е толку стабилен? Има 3 фактори: 1) многу ниско тежиште на гравитацијата, 2) пловноста (buoyancy) на кабината, и 3) тоа што кабината е херметички затворена (од што и произлегува ова под 2).
Бидејќи е екстремно важно да не влезе премногу вода во кабината, вентилите/филтрите за воздух автоматски се затвораат.
За да демонстрираат дека тоа дека бродот е невозможно да се преврти не е само бомбастично тврдење, туку и вистина, откако не им успеа тоа да го направат со бранови (како што видовте од видеото погоре), од ирската компанија спроведоа уште еден тест во кој користеа кран за да го превртат бродот за 180 степени, не еднаш, туку двапати. Првиот пат празен, потоа и со мал екипаж. Резултатот ќе го видите во видеото.