Видео игрите го подобруваат видот

unreal-tournament-2007ppАко мислевте дека само јадењето моркови влијае позитивно на вашите очи тогаш се лажете. Изгледа неверојатно, меѓутоа видео игрите кои содржат високи нивоа на акција како Unreal Tournament, истотака можат да го подобрат видoт. Претчувствуваме дека многу мајки ќе ни бидат лути по оваа статија.

unreal-tournament-2007

Видео игрите кои содржат високи нивоа на акција како Unreal Tournament, можат да го подобрат вашиот вид.

Истражувачите на Рочестер Универзитетот докажале дека луѓето што играат акциони видео игри по неколку часа дневно неколку месеци, го подобриле својот вид за 20% што било потврдено преку визуелни тестови слични на оние во офталмолошките клиники.

„Играњето акциони видео игри го менува начинот на кој нашиот мозок ги процесира визуелните инфомации“ – вели Дафне Бавалиер, професор на универзитетот. По само 30 часа играње, играчите можеле да видат фигури на таблата, кои претходно не ги перципирале толку јасно.

„Овие игри го туркаат човечкиот визуелен систем до границите, а мозокот се привикнува на тоа. Тоа знаење се пренесува до останатите активности и најверојатно – секојдневното живеење“.

Ова сугерира дека луѓето со визуелен дефицит наскоро ќе можат брзо да го подобрат својот вид преку некој вид на рехабилитационен софтвер.

Ете, тоа е…Се утепавте јадење моркови за џабе, кога има и далеку позабавен начин да го подобрите својот вид. Закажете место во некоја локална играчница уште веднаш!

- Реклама -