Благодарение на храброста на возачот на тенкот и неговата брза одлука на само неколку моменти пред автомобилот да експлодира, спасени се околу 50 животи.
Автомобилот-бомба бил запрен на безбедносен пункт на Синај во понеделникот, и сепак експлодирал, при што загинаа седум луѓе. Сепак, се смета дека ако не беше постапката на тенкистот, кој го ризикуваше својот и животите на екипажот, бројот на жртви ќе бил многу поголем.
Во автомобилот имало четворица вооружени напаѓачи и над 90 килограми експлозив. Тоа што тенкот го прегазил ја одложило експлозијата, па на крајот загинаа само напаѓачите и уште неколку љубопитни минувачи. Тенкот успеа да се одалечи на време, а екипажот е без повреди.