Известувајќи за земjoтpecот во Албанија, екипата на „ТВ21“ утрово го имаше (не)зaдоволството да проследи два од серијата потpeси во реално време, преку сеизмографите на сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Двата земjoтpeca беа регистрирани во рок од само неколку минути, а новинарот Јовица Пауноски имаше можност лично да го чуе алармот и да посведочи како пристигнуваат податоците од мрежата сензори во државава и од најблиските околни држави.